Болката во грбот е погубна за мозокот

Ако долго време ве боли грбот и ја одложувате терапијата, може да дојде до намалување на сивата маса на таламусот и трајни промени на мозокот, предупредуваат експертите од американскиот Нортвестерн универзитет.

Таламусот, инаку е дел задолжен за одлучување и социјално однесување на луѓето.

Лицата со константна болка во грбот имаат намалена активност во одреден дел од мозокот, а промените кои се случуваат со време ја намалуваат ефикасноста на терапијата.

До овие заклучоци дошле врз основа на паралелни испитувања на здрави луѓе и на оние кои имаат хронична болка во грбот.

Прегледот со скенер покажал дека кај другите 11 проценти е помала сивата маса во однос на здравите, истакнала д-р. Ванија Апкаријан од истражувачкиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e