Бидете внимателни: Доколку секој ден конзумирате јајца сте под ризик од дијабетис

Доколку често јадете јајца, тоа може позитивно да влијае на вашето здравје, кога станува збор за зајакнување на имунитетот, слабеењето, а тие се многу богати со витамини, минерали и протеини.
Јајцата содржат холестерол, кој, според истражувањата, не може негативно да влијае на нивото на холестерол во организмот, освен доколку се комбинира со некои намирници како што се путер, мајонез и некои месни производи.
„Повеќето здрави луѓе можат да изедат до седум јајца неделно, без зголемен ризик од срцеви заболувања“, вели д-р Франциско Лопез Химанез, од клиниката „Mayo“ и додава дека ако сакате да го намалите ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, треба да јадете помалку од седум јајца неделно.

Студија објавена во „The British Journal of Nutrition“, се фокусирала на податоци прибирани речиси 30 години (од 1991-ва до 2019-та година), за речиси 9.000 возрасни лица во Кина, каде случаите на дијабетес постојано се во пораст.
На крајот, истражувачите откриле дека оние кои јадат повеќе од 50 грама дневно – или еквивалентно на јадење едно јајце на ден – имаат зголемен ризик од дијабетес за 60 отсто.
Студијата исто така открила дека корелацијата помеѓу дневната консумација на јајца и дијабетесот е подлабока кај жените отколку кај мажите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e