Батат – го регулира шеќерот во крвта, го чува црниот дроб и го забрзува варењето

Доколку сакате да додадете нови и здрави хранливи намирници во вашата исхрана, пробајте го индискиот компир кој кај нас е попознат уште и како сладок компир – батат. Постојат многу причини зошто треба да го додадете на вашето мени, а ние денес за вас издвоивме неколку здравствени придобивки од неговата редовна консумација.

Многу луѓе се уште се сомневаат во корисноста на овој зеленчук, затоа што слаткиот компир се поврзува со обичните компири, кои најчесто се служат пржени во многу маснотии и пресолени. Но, иако слаткиот компир е скробна намирница и во кулинарството може да се користи на сличен начин како и обичниот компир, доколку истиот се приготвува со печење или варење е навистина здрава намирница.

Го стабилизира нивото на шеќерот во крвта

Слаткиот компир може да го консумираат и лицата со дијабетес. Имено, се докажало дека тој помага во намалувањето и регулирањето на нивото на шеќерот во крвта. Па така, во една студија која била спроведена на Универзитетот во Виена учествувале 61 учесници кои боледувале од дијабетес. На половина од учесниците има било давано да консумираат еден вид на бел сладок компир кој е опширно проучен по неговите антидијабетички својства т.н. Caiapo, додека другата половина се хранела како и вообичаено. На крајот од студијата, групата која консумирала слатки компири имале значително пониско ниво на шеќер во крвта од оние кои не го консумирале. Покрај тоа, бататот е богат со растителни влакна. Така еден компир со средна големина задоволува 15% од потребното дневно количество од растителни влакна. Растителните влакна ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, со што се намалуваат неговите варирања во крвта.

Изобилува со антиоксиданси

Слаткиот компир со портокалова боја содржи бета – каротен, пигмент кој претставува моќен антиоксиданс. Овој антиоксиданс е добар за видот, го подобрува здравјето на респираторниот систем и ја заштитува кожата од штетните УВ зраци.

Ја подобрува функцијата на мозокот

Одредени истражувања покажаа дека консумирањето на сладок компир може да помогне во подобрувањето на мозочната функција и ја подобрува меморијата. Една студија која била спроведена на Колеџот за фармација во Кореја, третирала група на стаорци. На една третина од стаорците им било давано екстракт од сладок компир со пурпурна боја. Се докажало дека истиот ги спречува оксидативните оштетувања на мозокот, ги подобрува конгитивните перформанси и ја подобрува меморијата.

Го зајакнува имунитетот

Исхраната во која е вклучен слаткиот компир изобилува со здрави масти и витамин А. Овој витамин игра голема улога во многу аспекти на човековото здравјето, но особено е важен за подобрување на имунитетот. Витаминот А помага во стимулирањето на производството на клетките кои се борат против болестите и инфекциите. Исто така, има антиканцерогени својства, а може да помогне и во намалувањето на ризикот од смрт од заразни болести во регионите каде дефицитот со витамин А е многу чест.

Го подобрува видот

Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, витаминот А го подобрува и видот. Недостатокот на овој витамин може да доведе до чувство на суви очи, ноќно слепило, израсток на кератин во окото, па дури и тотална загуба на видот кај потешките случаи. Само еден сладок компир може да ги задоволи, па дури и надмине дневните потреби за витамин А. Но, покрај овој витамин бататот изобилува и со важни антиоксиданси кои може да го подобрат здравјето на очите. Па така, бета – каротенот кој се содржи во нив се докажало дека ја забавува прогресијата на макуларната дегенерација, состојба која може да резултира со губење на видот.

Помага во намалувањето на вишокот килограми

Доколку имате неколку килограми кои сакате да ги загубите, тогаш вклучете го овој хранлив коренест зеленчук во вашата исхрана и ослободете се од нив. Слаткиот компир изобилува со растителни влакна кои ќе ве држат сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e