Банани и круши против предменструален синдром

Менорагија или преобилна менструација е синдром што во народот се регулира со листови од малина. Билкарите препорачуваат да се почне со користење една недела пред почетокот на менструација и да се проодолжи додека трае.

Доколку е потребно, да се повтори. Исто така, кај преобилна менструација помага и витаминот Ц, што го има во семето на сусам и во путерот од сусам, а помагаат и биофлавоид, (хељда,кора од цитрусно овошје,грозје,вишна ,капина).

Болни менструации 

Дисменореа или болни менструации варираат од лесна нерпиајтност до силни болки и грчеви. За болката, понекогаш одговорни се половите преносливи болести, но во повеќето случаи грчевите се предизвикани од воспаление, отекување и напнатост во матката. Треба да се избегнува сол,шеќер и преработена храна, а да се јаде храна богата со калиум и тоа секој ден:банани, сушено овошје, портокали, дињи, моркови, компири и зеленчук со зелени листови. Поради витаминот А кој ја намалува напнатоста, се консумира темнозелен зеленчук и портокали. Поради високата концентрација на калциум што ги отстранува грчевите се јаде зобена каша, брокула, магдонос (свеж или како чај), бразилски ореви, бадеми и морски алги. И чајот од џумбир исто така брзо ги отстранува грчевите. Може и да се џвака свеж корен од џумбир.

Брадавици на гениталиите 

Домашните лекови се само дополнување на тоа што ќе препише лекарот. Прво, се лекува својот имуно систем. Три недели се консумира корен од ехиноцеа, а потоа една недела канадски златен корен. Исто така, некогаш директно брадавиците се триеле со лук, пресечен на половина. Жените кои имале брадавици треба два пати годишно да прават Папа-тест.

Лекување јадеж 

Ефикасни се кисели вагинални купки со оцет или лимон. Се става две лажички во две чаши вода. Се плакне два дена по два пати дневно. Потоа лекувањето продолжува неколку дена со јогурт, за да се поврати рамнотежата на вагиналната флора.

Напомена: Трудниците треба да го избегнуваат плакнењето. Треба да се избегнува киселата храна(цитрусно овошје,домати), шеќер,бело брашно. Да се јаде храна богата со витамин Б (темен, лиснат зеленчук). Секој ден да се консумираат големи количини јогурт и свеж лук.

Болки во јајниците 

До болки во јајниците обично доаѓа помеѓу 10 и 15 ден од циклусот (сметајќи од почетокот на менструацијата). Острата болка на едната или другата страна во долниот дел од стомакот значи дека јајцето е ослободено со тешкотии. Тоа исто така може да предизвика нафрлање со плуски (меури). Додека се можни внатрешни воспаленија, обично напнатоста е таа што ја предизвикува болката. Состојбата може да се олесни со џумбир, маслинови листови, семе од целер и валеријана.

Цисти на јајниците 

Покрај посета кај лекарот се препорачува и диета базирана на свеж зеленчук. Исто така делотворен е и чај од маслинови листови, како и капсули од пиперка и чај од ајдучка трева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e