Атипични знаци на срцев удар кои не треба да ги игнорирате

Болка во градите, тежина во градите и отежнато дишење се симптоми на ангина пекторис. Оваа состојба обично му претходи на срцев удар.

„Срцевите удари стануваат се почести кај помладите. Младите често се жалат на вкочанетост во прстите, мала болка во срцето, па дури и на десната страна на градниот кош“, вели кардиологот Јулија Маршинцева.

Според неа, дури и забоболка може да укаже на проблеми со срцето.

„Луѓето со забоболка трчаат кај стоматолог, но лекувањето на кариес не може да помогне доколку во позадина има срцев проблем“, посочува докторката.

Таа додаде дека некои луѓе воопшто не чувствуваат болка во градите при срцев удар. Наместо тоа, пациентите може да се жалат на абдоминална болка, слична на воспаление на слепо црево.

Ако ги почувствувате горенаведените симптоми или сте загрижени, контактирајте со вашиот лекар. ЕКГ е тест кој може да спаси живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e