Aнтиинфламаторна диета – зошто треба да ја пробате?

Британската лекарка, др. Бавини Шах истакнува дека конзумирањето на одредени видови храна може да помогне во спречување на одредени болести како што се дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест.

Д-р. Шах објаснува дека антиинфламаторната диета може да го намали ризикот од рак на дебелото црево и дојката, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, артритис и кардиоваскуларни болести.

„Многу вообичаени здравствени состојби можат да бидат предизвикани или влошени од лошата исхрана која се состои од нездрава храна.

Антивоспалителната диета се однесува на сите оние намирници кои содржат антиоксиданси и слични материи кои добро делуваат на организмот.

„Антивоспалителната диета работи на намалување на воспалението во телото предизвикано од воспалителна храна, така што вашето тело може да се фокусира на заздравување на одредени области“, објаснува докторката.

Која храна треба да ја јадеме повеќе?

Докторката истакна дека постојат пет намирници кои треба почесто да ги јадеме, а кои можат да помогнат во спречување на претходно споменатите болести. Како најдобра храна др. Шах препорачува да вклучите лиснат зеленчук, како што се кељ или спанаќ, и масна риба, како лосос или туна, во вашата редовна исхрана.

Покрај тоа, таа советува да почнете да јадете повеќе јаткасти плодови како што се ореви и бадеми и во исхраната да ги вклучите незаситените масти како маслиново и растително масло. Освен тоа, советува да се јадат домати и разни бобинки, кои одлично делуваат на здравјето на организмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e