Анистон секое утро пие колаген за здрава кожа и коски – еве го рецептот

Актерката Џенифер Анистон го популаризираше повремениот пост и вкусните смутија, а неодамна сите го „украдоа“ нејзиниот рецепт за салата која секојдневно ја јадела цели 10 години на сетот на „Friends“.

Познатата актерка Џенифер Анистон обожува активности во природа, вежба во теретана и ужива во времето со своите пријатели, а денот го започнува со шолја топло кафе помешано со – колаген во прав.

Додатоците на колаген станаа хит во последниве години поради нивниот наводен потенцијал да го задржат младешкиот изглед и да ги зајакнат коските, ноктите и косата. Колагенот сам по себе е моќен протеин кој се наоѓа во коските, ткивото и ‘рскавицата, а порталот „Eating Well“ одлучи да истражи дали неговите суплементи се здрави и дали можат да се мешаат со кафе.

Нутриционистите го препорачуваат како замена за протеинот од сурутка, но не сите се подеднакво здрави. За најмногу здравствени придобивки треба да ги барате оние на кои стои дека содржат колаген пептиди или хидролизиран колаген, пишува споменатиот портал.

Анистон е љубител на додаток на колаген кој содржи и витамин Ц и хијалуронска киселина. Сепак, таквите додатоци може да бидат прилично скапи, а не се нужно покорисни од консумирање храна која содржи колаген како што е супа од коски или храна богата со витамин Ц, како што се цитруси, бобинки и брокула.

„Дефинитивно не е потребен скап додаток на колаген за да имате силни коски и здрава кожа, коса и нокти“, вели диететичарката Викторија Сивер.

„Внесувањето храна која содржи колаген може да помогне да го зголемите внесот на колаген, но најефикасниот начин е да се фокусирате на консумирање повеќе храна која помага во здравото производство на колаген во вашето тело, особено храна богата со аминокиселините пролин и глицин и витамин Ц. Размислете за месото, рибата, млечните производи, јаткастите плодови, гравот, јајцата, пченичните никулци и овошјето, особено агрумите“, препорачува таа.

Дали треба да се додава колаген во прав во кафе?
Еден напис на д-р Брук Расел вели дека колагенот не издржува температури повисоки од телесната температура, а во тој случај посакуваните здравствени придобивки ќе бидат намалени или целосно отсутни. Затоа, колагенскиот прав, доколку веќе одлучите да го консумирате, подобро е да го додадете во утринското смути или да го разматите во чаша вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e