Алоето може да предизвика алергиска реакција на кожата

Алое верата со години се користи во различни култури, благодарение на своите лековити својства, а често е нарекувана и волшебна билка. Ги лекува проблемите со акни, па се до појавата на брчки.

Што всушност претставува алое верата?

Алое верата е природно добиена состојка, позната по смирувачките дејства. Може да се најде во форма на прав, течност или гел.

Како алое верата стекна репутација на “волшебна билка”?

Богата е со витамини, аминокиселини, полисахариди и фитостероли, такашто ги содржи сите смирувачки дејства. Покрај тоа, ги содржи и витамините А, Ц, Д и Е, а содржи и минерали, како што се цинк, калциум и магнезиум, што значи дека може да се користи за најразлични проблеми.
Несакани последици од користење на алое верата

Како што е случај со било која друга состојка, дерматологијата истакнува дека е можно да имате алергиска реакција и на алое верата, па се препорачува нејзино тестирање на мал дел од кожата пред првото користење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e