Алармантен број на постари лица страдаат од недостаток на два клучни витамини

Ако имате 65 или повеќе години и се чувствувате малку депресивно, тоа би можело да биде затоа што немате клучни витамини. Витамините Д и Б12 се особено важни за постарите лица.

Имено, во студијата објавена во списанието Nutrients, истражувачите се обиделе да го разберат влијанието на факторите на околината, начинот на живот и гените врз здравјето. Кога испитале 1.000 примероци на крв земени од учесници на возраст од 65 до 93 години, откриле дека повеќе од половина од постарите лица не добиваат доволно витамин Д, а секој четврти има и недостаток на витамин Б12, пренесува Healthy магазинот.

Телото произведува витамин Д кога сончевата светлина ја погодува вашата кожа. Повеќето луѓе задоволуваат барем дел од потребите за витамин Д на овој начин, според Националниот институт за здравје, а храната природно богата со витамин Б12 вклучува лосос, црн дроб, школки и млечни производи.

„Постарите возрасни лица се склони кон недостаток на витамин Д поради промените во способноста на нивната кожа да го претвори овој витамин во активна форма што телото ја користи“, вели д-р Стивен Старкс, истакнувајќи дека постарите луѓе имаат поголема веројатност да развијат недостаток на витамин Б12, бидејќи нивните желудникот произведува помалку киселина, што му помага на нашите тела да го апсорбираат овој витамин.

Ниското ниво на витамин Д може да доведе до здравствени проблеми, вклучувајќи болки во коските и мускулите, висок крвен притисок и депресија. Недостатокот на Б12 може да предизвика замор, слабост, запек, губење на апетит, губење на тежината и анемија.

„Лекарите обично ќе ги проверат вашите залихи во организмот доколку има видливи промени во вашето здравје“, вели д-р Старкс, кој наведува дека понекогаш е невозможно да се внесат потребните витамини само преку исхрана, а потоа се препорачува користење суплементи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e