Ако сте прележале корона одбегнувајте магдонос и спанаќ

Згрутчувањето на крвта и појава на тром е една од најопасните компликации од инфекцијата со коронавирусот. Лекарите потврдија дека оваа опасност може да се појави неочекувано дури и кај луѓе кои немале проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Дури и кога ќе ја прележите болеста, опасноста не поминала. Дури и по отпуштањето од болница или кога веќе генерално се чувствувате добро, постои можност да дојде до згрутчување на крвта.

Затоа лекарите препорачуваат за време на болеста, но и во периодот по излекувањето, да се земаат антикоагуланси, односно лекови за разредување на крвта.

Сепак, подеднакво е важно да се грижите за исхраната во следните шест месеци, забележуваат експертите, а особено да избегнувате храна која „влијае“ на формирање на згрутчување.

Според нутриционистката Ирина Зенкова, луѓето кои биле заразени со корона вирусот треба на одредено време да се откажат од храна богата со витамин К.

„Тоа е, пред сè, зеленчукот, кои сме навикнати да ги додаваме во супи, салати и други јадења. Ова особено важи за магдоносот и зачините. Тие содржат многу витамин К, кој може донекаде да го потисне антикоагулантното дејство врз основа на активната супстанција варфарин“, објасни Зенкова.

Другиот зелен зеленчук, како што се прокелот, брокулата и спанаќот, исто така спаѓаат во категоријата „привремено опасни“.

Експертите нагласуваат дека е важно да се знае и тоа дека овој зеленчук сам по себе не е опасен, ниту количината на витамин К што го содржи, туку само се „неповолни“ комбинации со лекови во овој специфичен период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e