Ако јадете ореви ќе живеете подолго

Ако сакате да имате долг, здрав и активен живот во домот секогаш имајте ореви.

Нова студија која покрива децении истражување сугерира дека луѓето кои јадат ореви редовно, имаат голема веројатност физички да бидат активни и имаат помал ризик од срцеви заболувања како повозрасни.

Научници од Школата за јавно здравје во Минесота сметаат дека тоа е така поради хранливите состојки на јаткастите плодови и нивниот ефект на општото здравје. Тие следеле 3.023 мажи и жени во текот на 20 години и го споредувале нивното здравје со начинот на исхрана.

Оревите се единствени кои се одличен извор на омега-3 алфа линоленска киселина на растителна база, за која се покажа дека влијае на здравјето на срцето и мозокот, како и на здравиот процес на стареење.

Само една порција ореви (колку една дланка) има импресивен број хранливи состојки кои поволно влијаат на здравјето.

Се состојат од 4 грама протеини, два грама влакна и магнезиум. Оревите исто така даваат бројни антиоксиданси, вклучително и полифеноли.

Јадењето ореви исто така е поврзано и со намалување на тежината, оние кои јадат имаат значително пониско ниво на концентрација на гликоза во крвта за разлика од оние кои не јадат ореви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e