Ако често ги користите овие зборови, веројатно сте под голем стрес

Стресот е еден од најголемите непријатели на секој човек и се појавува буквално во секој облик и во секој аспект од животот на човекот.

Иако е многу тешко да се сокрие, многумина не сакаат да збруваат за стресот и напнатоста и со тоа покажуваат колку ова непосакувано чувство ги скршило. Сепак, тоа што не зборувате за стресот не значи дека од вашиот говор не може да се забележи дека сте под стрес.

Истражувањето кое е спроведено во Пенсилванија, Калифорнија и Аризона, докажало дека луѓето кои се под притисок и стрес зборуваат помалку од оние опуштените, но затоа и користат повеќе придавки.

Оваа студија е спроведена на 143 лица во САД, а во неа истражувачите биле во улога на слушатели во период од 48 часа. Она што исто така го докажале со ова истражување е фактот дека луѓето кои се повеќе изложени на стрес, многу поретко користат трето лице множина, односно зборови како што се „нивниот“ или „тие“.

Водичот на истражувањето објаснил дека тоа е така, бидејќи луѓето кои се изложени на поголема количина на стрес, повеќе се фокусирани на своите проблеми, а помалку на другите луѓе или генерално на светот околу нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e