Домаќинките започнаа да ги подготвуваат омилените зимници за своите семејства, а една од нив секако е популарниот ајвар. Иако му е време за правење, сепак не е лесно да се направи, особено не е лесно да се излупат пиперките за кои во зависност од количината, некогаш е потребен и цел ден да се подготват.
Ви пренесуваме неколку трикови за полесно лупење на печените пиперки, како и рецепт за брзо подготвување ајвар од сечкани пиперки, чиј вкус ќе ве воодушеви.
Доколку не сте го подготвиле ајварот за зимската сезона, добро е да знаете дека има полесен начин како да се подготви и побрзо да се свари ајварот.
Еден од најлесните начини да ја отстраните лушпата од печените пиперки е да ги ставите во пластична кеса и да ја врзете, да ја оставете да отстои неколку минути. Кога ќе ја отворите кесичката, лушпата многу полесно ќе се излупи.
Друга опција е да ги замрзнете печените пиперки
Кога ќе ги извадите од фрижидерот, ставете ги под млаз топла вода неколку секунди и веднаш излупете ги. Дополнително, ако печените пиперки ги покриете со проѕирна фолија, салфетка или крпа веднаш откако ќе ги извадите од рерна или ги ставите во тенџере и ги покриете со капак, по околу 15 минути ќе можете да ги излупете без проблем.
Со покривање на пиперките се создава пареа, која ѝ помага на лушпата да се одвои.
Рецепт за ајвар од сечкани пиперки
Состојки:
15 кг пиперки
2 кг модар патлиџан
1,5 дл масло
1 дл оцет
2 главици кромид
2-3 китки магдонос
сол
малку шеќер
Подготовка
Пиперките испечете ги ден претходно и оставете ги да се исцедат. Излупете ги наредниот ден и исечете ги по желба, поситни или покрипни парчиња. Потоа ставете ги поголемо тенџере, додадете ги и излупените и сечкани модри патлиџани и варете ги на силен оган додека смесата не стане густа. Додадете масло, сол, шеќер, исечкан кромид и магдонос.
Мешајте половина час и готовиот ајвар спакувајте го во стаклени тегли, затворени со капачиња и чувајте го на темно и ладно место.