3 причини зошто имате ладни раце и нозе: Тоа е симптом!

Студените прсти на рацете и нозете се вообичаени, особено кај жените, но тоа не мора да значи ништо. А може да биде и знак за посериозен здравствен проблем.

Дијабетес

Покрај често студените раце, понекогаш може да почувствувате трнење во дланките и стапалата – ова може да бидат првите знаци на дијабетес. Последиците можат да се одразат на бројот на крвни зрнца, но и на нервниот систем.

Тироидна жлезда

Хипотироидизмот предизвикува бавен метаболизам и често е придружен со ладни раце и нозе. Замор , честа поспаност, забавеност на телото и движењата и слаба толеранција на високи температури несомнено се симптоми на оваа болест.

Анемија

Студените прсти на рацете и нозете често се придружени со замор, главоболка и слабост – ако тоа ви се случи, време е да ја проверите работата крвната слика, бидејќи може да имате недостаток на железо. Тоа е главната компонента на хемоглобинот, кој носи кислород во крвта и и ја дава црвената боја. Затоа, студените екстремитети може да бидат знак за анемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e