После вежбање не ги мијте веднаш забите!

Експертите откриле необична врска помеѓу однесувањето на телото по физичка активност и средствата за плакнење на устата по миењето.

Користењето антибактериско средство за плакнење на уста може да ги намали корисни ефекти од вежбање под притисок, објавија британските медиуми.

Студијата е спроведена на 23 здрави возрасни лица кои 30 минути трчале на лента, а потоа нивната состојба е следена наредните два часа. За време на периодот на следење на состојбата, една група добила течност за плакнење на уста со антибактериско дејство, а другата ”плацебо” течност со вкус на мента.

Првата група имала повисок крвен притисок од втората, што значи дека течноста за плакнење на уста ги намалила ефектите од вежбање. Ефектот кој подразбира намалување на крвниот притисок од замор на организмот по вежбање се намали за дури 60 проценти кај оние кои ја исплакнале устата со вистинска антибактериска течност, објави британски Telegraf.

“Крвните садови се отвораат за време на вежбање, за крвта побрзо да стигне до активираните мускули. Нашата студија покажа дека супстанцата која телото ја лачи по вежбање го намалува притисокот, и доведува до состојба позната како хипотензија по вежбање. Таа супстанција се апсорбира во усната шуплина преку плунка, но антибактериската течност се неутрализира и телото не може доволно да го намали притисокот“, објасни д-р Раул Бескос од Универзитетот во Плимут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e