Зошто сребрениот и златниот накит треба да ги чуваме одвоено?

Вообичаено ние го чуваме целиот накит на едно место во кутија за накит. Сепак, златарите објаснуваат зошто тоа не е добра идеја и што може да се случи ако среброто, бакарот и другите материјали се стават еден до друг во кутија за накит.

„Проблемот е во тоа што ако ставите два метали заедно, ќе создадете, во суштина, галванска ќелија каде овие јони ќе се транспортираат еден покрај друг и тоа ќе доведе до корозија“, Маркус Јанг, вонреден професор на науката за материјали и инженерството од Универзитетот во Северен Тексас.

Галванската клетка предизвикува спонтани реакции на оксидација-редукција кои водат до дупчење и промена на бојата на накитот, објасни Јанг.

– Овие реакции се формираат на таа површина и веќе не светат како убав метал. Парчињата базирани на бакар се најмногу склони кон вакви реакции, а истото е и среброто. Складирањето на среброто со други метали може да доведе до побрза оксидација. Колку брзо парче оксидира зависи од процентот на легура.

Џудит Андерсон, професионален проценител на накит, изјави за HuffPost дека платината нема да оцрни бидејќи нема основни метали во неа, но различните видови злато имаат различен состав.

– Ако гледате 14 каратно злато, тоа е само 58,5% чисто злато. Останатите компоненти обично се комбинација од сребро и бакар во различни пропорции, во зависност од бојата. Ако гледате на бело злато, тоа или има никел како легура или може да има и иридиум, кој е во групата на платина. Другите варијации на злато, како што е розовото злато, обично не содржат никел, но имаат повеќе бакар од сребро, додека зеленото злато има поголема количина на сребро од бакарот, објаснува Џудит.

Најдобар начин за складирање на накит

Изложеноста на воздух во голема мера придонесува за оксидација, поради што експертите се согласуваат дека индивидуалното складирање на предмети во чиста и сува средина останува оптимален метод за зачувување на накитот без гребнатини и дамки. Без разлика дали се работи за сребро, злато или платина, ако ги чувате одвоени ќе изгледаат најдобро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e