Во овој град умирањето е забрането со закон – зад се стои многу важна причина

Освен што ја носи титулата најсеверен населен град на светот, норвешкиот град Лонгјербијен кој се наоѓа на Свалбард, необично е посебен поради уште една работа. Имено, таму никој не умрел повеќе од 70 години, бидејќи умирањето е забрането со закон.

Дури и ако целиот свој живот сте го минале таму, пренесува „IFL Science“, ако ви се случи да се разболете од терминална болест, ќе морате да заминете од островот и смртта да ја дочекате на некое друго место. Сепак, ако се случи да умрете одненадеж, вашето тело ќе биде пренесено на друго место и нема да бидете погребани на островот.

Ако мислите дека ова е бизарен закон, дефинитивно сте во право, но зад него стои многу важна причина: заштита на останатите жители.

Во далечната 1950-та година било откриени дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат поради тоа што земјиштето е постојано замрзнато, а како резултат на тоа вирусите во телата можат да преживеат и постои ризик од идни зарази.

Иако ова звучи како сценарио од хорор-филм, нешто слично се случило и на северот на Сибир, каде дошло до епидемија на антракс во 2016-та година. За причина за епидемијата се сметала заразата од лешовите на дивите животни кои се наоѓале во замрзнатото земјиште кое при растот на температурите се стопило. Тогаш починало едно лице, а уште 90 луѓе завршиле во болница.

Исто така било откриени дека вирусот на шпанскиот грип и натаму се наоѓа во телата на луѓето кои починале на почетокот на векот, а последното лице заразено од таа болест во Лонгербијен починало 1917-ма година.

Населбата на последниот попис на населението од 2015-та имало 2,144 жители, а на островот владее арктичка клима со летни температури од три до седум степени целзиусови, а во зима температурата паѓа до минус 13. Поларната ноќ им трае 111 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e