Внимавајте – Оралниот секс може да е причина за рак на грлото

Во последните две децении, има брз пораст на ракот на грлото на Запад, до степен што некои го нарекоа епидемија. Станува збор за зголемување на бројот на случаи на орофарингеален карцином (пределот на крајниците и задниот дел на грлото), чија најчеста причина е хуманиот папиломавирус (ХПВ), кој е и главната причина за цервикален рак.

ХПВ се пренесува сексуално. За рак на орофарингеален, главен фактор на ризик е оралниот секс и промената на сексуалниот партнер. Оние кои во текот на животот имале шест или повеќе партнери со кои практикувале орален секс имаат 8,5 пати поголеми шанси да заболат од овој тип на рак на грлото од оние кои не практикуваат орален секс, предупредува доктор Хишам Механа од британскиот универзитет во Бирмингем.

ХПВ вакцина

Механа наведува дека во некои земји често се практикува орален секс. Според една студија спроведена во Обединетото Кралство, од речиси 1.000 луѓе кои имале операција на тонзилектомија поради причини кои не се поврзани со ракот, 80 проценти од возрасните изјавиле дека имале орален секс во текот на нивниот живот.

За среќа, само мал број од оние кои практикуваат ваков тип на односи развиваат рак на орофарингеа. Иако повеќето сексуално активни луѓе привремено се инфицираат со ХПВ во текот на нивниот живот, мал број од заразените не можат да се ослободат од инфекцијата, веројатно поради ослабен имунолошки систем. Во нив, вирусот може континуирано да се реплицира и со текот на времето да се интегрира во ДНК и да предизвика развој на канцерогени клетки.

Во многу земји, младите девојки се вакцинираат за да се спречи рак на грлото на матката. Сега има зголемени докази, иако сè уште посредни, дека вакцината може да биде ефикасна во спречување на инфекција со ХПВ во усната шуплина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e