Викенд хороскоп: Овој викенд ве очекува…

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник, зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет.

Здравје и совет

Поработете на истражување на деталите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас се многубројни љубовни можности, а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво.

Кариера

За да стигнете до својата цел, ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих.

Здравје и совет

Немојте да го губите компасот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Отворени сте за сите љубовни можности, кои нема да недостигаат. Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања.

Кариера

Нема потреба нештата да ги правите на сила, зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба.

Здравје и совет

Држете се понастрана од мрачни луѓе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност.

Кариера

Можни се мали несдоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение.

Здравје и совет

Не зборувајте премногу.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Поради преодна отуѓеност во личните односи, вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава.

Кариера

На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми, за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност.

Здравје и совет

Бидете поотворени кон луѓето.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност, но таа сепак ќе ве критикува.

Кариера

Се што е тајно, неистражено, заплеткано или скриено, денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станат вистински детективи.

Здравје и совет

Ќе имате визии во боја преку соништата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со својата остроумност, фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат.

Кариера

Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи, па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин.

Здравје и совет

И натаму ве мачи замор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку, а чувствата нека ги покажуваат преку дела.

Кариера

Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни, зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час. Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство.

Кариера

Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија.

Здравје и совет

Размислувате за нов спорт.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна, но партнерот ќе биде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите.

Кариера

Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени.

Здравје и совет

Некои ги откриваат своите нови таленти.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе имате многу специфични, но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи.

Кариера

Ќе добиете посебни знаења. Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето.

Кариера

Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни.

Здравје и совет

Излезете и фатете некој зрак сонце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e