Случајно ѕвонел на 911, па го уапсиле

Маж од Индијана завршил зад решетки откако полицијата одговорила на неговиот случаен 911-повик.

Арон Алман (48) од Колумбос завршил во затвор во петокот навечер откако по грешка ѕвонел во канцеларијата на шерифот на округот Бартоломеј.

https://www.facebook.com/SheriffMattMyers/posts/2479460652334664

„Ви благодариме, господине алман, што ни се јавивте да ве земеме“, напишал шерифот Мет Мајерс на својата Фејсбук страница.

„Не може да биде подобро од ова. Заклучете ги своите телефони кога не ги користите“, порачаа од полицијата.

Имено, Алман им рекол на диспечерите дека случајно се јавил и дека се е во ред и дека нема никаква потреба од интервенција. Но, тогаш било утврдено дека Алман има налог за апсење.

Полицијата потоа го однела во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e