Русија забрани пристап до PornHub и YouPorn

Руската агенција за контрола и надгледување на интернет одлучи дека PornHub и YouPorn отсега нема да бидат достапни во земјата. Интересно се чини дека ова е настан кој се повторува секоја година. Агенцијата истото го направи и лани во септември, кога забрани пристап до руската верзија на PornHub.

За разлика од минатата година, оваа агенцијата излезе и со корисни совети. Така корисниците кои се незадоволни од оваа одлука, добија одговор: „Излезете и запознајте некого!“.

Причина за забраната е што страните незаконски произведуваат и дистрибуираат порнографија, што е казниво со 2 до 6 години затворска казна. Со оглед на тоа дека гледањето порнографија не е забрането, но производството и дистрибицијата се илегални, одлуката ќе остане контраверзна.

Одлуката на агенцијата ќе оди пред суд во Русија кој треба да одлучи дали ќе остане на сила, јави Moscow Times.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e