Популарна фризура причина за опаѓање на косата и главоболки

Косата собрана во високо коњско опавче е едноставна да се постигне, а дозволува и многу опции за стилизирање, па затоа и е една од најпопуларните фризури во светот. Но, може да биде и многу болна.

Косата врзана на темето на главата може да предизвика опаѓање и кинење на влакната, особено во делот над ќелото и покрај ушите. Исто така, ако постојано ја носите на овој начин, може да почувствувате и силна болка.

На кожата на главата постојат многу чувствителни нервни завршетоци, а кога доаѓа до тракција, односно влечење поради тежината на самата коса, доаѓа до болка која може да трае со часови. Можеби и веќе сте забележале дека кога ве боли глава значајно ви олеснува кога ќе ја распуштите косата. Токму во тоа лежи и објаснувањето на оваа појава.

Слично може да се случи и поради расчешлувањето на косата, доколку имате почувствителни нервни завршетоци. Оваа болка може значајно да се засили доколку носите стегач или сличен потежок украс за коса. Главоболката поради затегнатата коса е почеста кај луѓето кои се склони кон мигрена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e