Овие комбинации на бои се идеални за новогодишната елка

Ја украсивте вашата новогодишна елка? Ако уште не сте го направиле тоа, следете го ова кратко упатство за како да комбинирате бои и како да ја вклопите во вашиот ентериер.

Општата препорака е да ја ставите покрај прозорец, за и преку ден да се истакне нејзината убавина на природна светлина.

Но, како се комбинираат боите?

Пред сè, внимавајте на тоа или да се сложува со ентериерот или да биде целосно спротивен на него. На тој начин можете да одберете дали сакате фокусот во просторијата да биде на елката или пак, таа да биде само еден детаљ кој придонесува за топлата атмосфера.

На зелените елки најубаво стојат црвени и златни украси или виолетови и сребрени, а ако одберете бела елка, најдобро со неа се согласуваат ладни тонови, како што се сината и сребрената или темно виолетова.

Ако изберете виолетовата да е основна боја, комбинирајте со бели и сребрени украси, а ако сакате похрабри ефекти, комбинирајте со златна боја.

Ако изберете црвена основна боја, таа одлично оди секако, со златна. Златната пак, можете да ја комбинирате со бели украси, портокалови, а за повпечатлив ефект изберете златна, бела и сребрена.

Можете исто така, да изберете и повеќе нијанси на златна, или пак златна и розово-златна. Сакате уште пошарено? Тогаш обидете се со бела, сребрена, златна и тиркизна.

За ретро-стил можете да изберете различни форми на лампиони во слични бои. А што велите на бели и дрвени лампиони?

Како вие ја украсувате вашата елка?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e