Ова се најскапите градови за живеење во 2022

Според новото истражување на Economist Intelligence Unit (EIU), поради порастот на цени на енергенсите и зголемената инфлација, најскап град за живеење во 2022 година е Њујорк, кој ја подели неславната титула со Сингапур.

Минатогодишниот лидер Тел Авив се најде на третото место, додека Сиднеј е пласиран меѓу првите 10.

Москва и Санкт Петербург во Русија се искачија на 88 место, бидејќи санкциите и зголемувањето на нафтата ги покачија цените, се наведува во извештајот на Е за трошоци за живот, пренесе Гардиан.

Главниот град на Венецуела, Каракас, со зголемувањето на цените од 132% во 2022 година има значително понизок степен од оваа во текот на хиперинфлацијата која во 2019 година изнесуваше над 25.000 проценти.

Американската валута се зацврсти во однос на другите, бидејќи федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки и навестија дека ќе дојде до понатамошен раст.

Десетте најскапи градови за живеење во 2022:
1. Њујорк и Сингапур

3. Тел Авив, Израел

4. Хонгконг и Лос Анџелес

6. Цирих, Швајцарија

7. Женева, Швајцарија

8. Сан Франциско, Калифорнија

9. Париз, Франција

10. Копенхаген, Данска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e