Основците во Германија се послабо сметаат, читаат, пишуваат

Учениците во четврто одделение од основните училишта во Германија се почесто имаат проблеми со читањето, математиката, пишувањето. Тоа е заклучокот од истражувањето што го спроведе националниот Институт за развој на квалитет во образованието во 1.400 училишта.

Алармантен податок е дека 18 до 30 отсто од учениците од четврто одделение не ги исполниле основните стандарди за познавање на германскиот јазик. Знаењето на учениците било подобро пред пет, па и десет години, покажуваат податоците од истражувањето.

Како причина за влошувањето на знаењето на учениците од четврто одделение, авторите на студијата го наведоа предолгото затворање на училиштата за време на пандемијата со коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e