Новинарка даде отказ во живо мислејќи дека освоила лото-премија

Новинарка од една шпанска телевизија во програма во живо им соопшти на колегите дека од нареден ден не доаѓа на работа, стегајќи во раката лото-ливче за кое мислела дека е добитно.

Наталија Ескудеро работи во јавниот сервис РТВЕ и во програма во живо почнала да се радува, мислејќи дека освоила премија од милион евра. Подоцна дознала дека нејзината добивка всушност е само 5000 евра.

Премијата била 4 милиони евра, но истата може да ја поделат повеќе добитници. Подоцна се извинила за нејзината емоционална реакција, но и дека се почувствувала измамена.

Но, нејзините претпоставени ѝ забележале на непрофесионалноста, а за тоа многу се зборувало и на социјалните мрежи.

Таа во емисија во живо, кога мислела дека освоила премија, најавила дека од наредниот ден веќе не доаѓа на работа, дека дава отказ. Набрзо потоа повторно се појавила на телевизја, видно нерасположена, откако сфатила дека всушност не се нештата такви како што изгледаат.

Одговарајќи на корисниците на Твитер, таа открила дека со месеци имала приватни проблеми, но и дека во текот на 25-годишната кариера секогаш работела професионално и со чиста совест.

Се извинила поради настанот и најавила дека заминува на одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e