Неделен хороскоп: Што да очекувате следните 7 дена?

Овен

Неделава ќе бидете многу добро расположени благодарение на добрите односи со деловните соработници и пријатели. Посветете се емотивно на партнерот, но не дозволувајте тој да се сврти против вас.

Бик

Неделава ќе сте многу активни на деловен план, а приватната страна е во втор план. Ситуацијата е многу комплицирана во семејството бидејќи не сте во можност да се соочите со луѓето околу вас до крај.

Близнаци

Марс е активен во вашето поле на заработка и нема да можете да направите многу бидејќи тоа се работи кои се надвор од ваша контрола. Деловните аспекти се многу затворени бидејќи сте потрошиле премногу од себе во последните неколку месеци. Здравјето е одлично.

Рак

Следните неколку дена заостанувате во сите аспекти на работата и сте многу далеку од она што треба да го работите во бизнисот. Личноста под знакот Јарец е одлична деловна поддршка за вас и треба да ја искористите на најдобар начин за себе.

Лав

Емоциите се многу нестабилни и ова е големо оптоварување за вас бидејќи во последните неколку месеци бевте многу емотивно расеани. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашата потреба секогаш да бидете во право.

Девица

Во овој период многу е важно да се посветите на се‘ што сте планирале, а сте запоставиле поради работата. Партнерот е лут поради некои ваши погрешни одлуки кои лошо се одразиле на вашата врска. Здравјето е стабилно.
Вага

Многу сте стабилни на деловен план поради деловното влијание на другите и ваша карактерна особина е тоа што секогаш сте поврзани со другите. Во љубовната врска се‘ се сведува на тоа што сте премногу отворени за соработка со партнерот, но ве интересираат и други сфери од животот.

Шкорпија

Оваа недела најдобро е да се свртите кон себе и кон вашите планови и желби. Не дозволувајте да се посветите на она што не ви е во срцето и во согласност со вашите емоции и емоционална состојба. Здравјето ви е многу добро.

Стрелец

Неделава ќе се отворите за нови деловни можности со поддршка од личност Овен која веќе некое време е вашата деловна поддршка. Љубовната ситуација е многу напната поради вашата љубомора и потребата да ставите се во најдобар ред освен за вас.

Јарец

Вашата семејна ситуација е сведена на минимум и не сакате да си давате премногу емоции. Не сакате да имате работа со други кои не ве заслужуваат. Деловното опкружување е голема инспирација за вас и ве прави задоволни и среќни.

Водолија

Ќе бидете многу добро расположени неделава благодарение на вашата желба да успеете во емотивна смисла. Партнерот ќе биде многу горд на вашата врска и ќе ви се исплати двојно. Внимавајте на главоболка.

Риби

Комуникацијата е во прашање кога размислувате за партнерства. Не сакате да се стресувате за работи кои не се важни, особено затоа што тоа лошо влијае на вашите емоции. Ќе имате можност да видите личност која долго време не сте ја виделе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e