Не сака да слушне за абортус: 13-годишна девојка е бремена од нејзиниот 10-годишен другар

Дарија дури и не сака да слушне за абортус и тврди дека таа и Иван спиеле само еднаш кога тој бил сам дома.

Приказната за десетгодишниот Иван од Русија кој наводно ја забременил тринаесетгодишната Дарија го обиколи светот.

Лекарите велат дека тоа е невозможно, а бремената девојка се заколна дека немала друг партнер.

Двајцата, со дозвола од нивните родители, се појавија дури и на руската телевизија, каде Дарија рече дека се запознале пред една година и се заљубиле на прв поглед, и дека оттогаш се заедно. Тие тврдат дека се за вљубени и сакаат да го задржат бебето.

Лекарите, сепак, се сомневаат дека тоа е можно.

– Ги проверивме наодите три пати за да не може да има грешка. Тој нема половни клетки. Се уште е дете. Тој дури нема тестостерон и неговите сексуални органи сè уште се во фаза на развој. Сè уште не достигнал пубертет, така што има многу неодговорени прашања”, тврди урологот Евгениј Греков.

Дарија дури и не сака да слушне за абортус и тврди дека таа и Иван спиеле само еднаш кога тој бил сам дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e