Навики кои ги правите секојдневно, а го нарушуваат вашето здравје

Исто како што здравата исхрана го чува вашето здравје, така некои лоши навики можат да ви направат големи здравствени проблеми. Експертите предупредуваат дека од нив мора да се ослободите што поскоро, додека не биде доцна.

Вечера по 19 часот

Консумирање на храна во доцните часови, го зголемува ризикот од срцеви болести и дијабет пит 2. Пресолената храна може да предизвика проблеми со бубрезите и срцето и е еден од најчестите причини за смрт поврзани со исхраната.

Недоволно или неправилно миење на рацете

Поради тоа се подложни на бактерии и вируси, а правилната хигиена на рацете би го намалила бројот на смртни случаи предизвикани од болестите кои се развиваат од бактерии кои се пренесуваат преку валкани раце.

Избегнување на концот за заби

Оваа лоша навика треба веднаш да ја смените бидејќи така ќе го намалите бројот на бактерии во устата. Восплението на непцето може да доведе до здравствени проблеми кои можат да ви го скратат животот.

Грицкање нокти

Оваа навика не е неубава само од естетски причини туку и е ризична за здравјето.

На тој начин бактериите од типот на стрептокока или стафилокока се пренесуваат. Бактериите можат да влезат во крвта и предизвикаат сепса.

Ги стискате акните

Никако не смеете да ги стискате акните, бидејќи на тој начин го оставате отворен просторот на бактериите кои можат да направат големи проблеми на вашата кожа или тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e