На туристите ќе им се наплаќа влез во „Аја Софија“ во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претвори светски познатата „Аја Софија“ во Истанбул од музеј во џамија во средината на 2020 година – влезот беше бесплатен по промената, но тоа набргу ќе се промени за туристите.

Тогаш Ердоган ја увери јавноста дека влезните такси ќе бидат укинати и дека споменикот на културата е отворен за сите – и муслиманите и за оние што не се.

Од 15 јануари ќе има уште една голема промена: влезот во „Света Софија“ ќе биде ограничен и посетителите повторно ќе треба да платат.

Турскиот министер за туризам, Мехмет Нури Ерсој, се надева дека промената ќе доведе до подобар соживот меѓу верските и туристичките посетители. Последните неизбежно создаваат врева и ги нарушуваат мирот и молитвата, изјави неодамна Ерсој.

Досега туристите и верниците можеа заедно да влегуваат во внатрешноста на „Света Софија“ со бариери и патокази, кои одржуваа одредено растојание.

Но, од средината на јануари верниците и посетителите ќе имаат посебни влезови. Додека верниците ќе може да ги користат постојните влезови, туристите ќе влегуваат преку галеријата на горниот кат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e