Малечкиот Ајншатјн: 3-годишно дете стана најмладиот член на МЕНСА

Тригодишно момче од Малезија кое живее во Велика Британија стана најмладиот член на Менса, најголемата и најстара меѓународна заедница со многу интелигентни луѓе во светот.

Мухамед Хариз Наџим беше поканет да и се приклучи на организацијата откако зборуваше со психолог и освои 142 поени на тестот за интелигенција „Стенфорд-Бинет“, со просечен резултат од 99,7 од 100, јави Си-Ен-Ен.

„Сите почести на Хариз за повикот од Менса. Тој е бистро момче и ние сме задоволни што го поканивме“, изјави Џон Стиваж, извршен директор на британската Менса.

За да стане член на британската Менса, тој мора „да покаже дека е во првите два проценти од светската популација во однос на коефициентите на интелигенција“, велат на нивната официјална веб-страница.

Тестот на Менса, е создаден за деца на возраст над десет и пол години. За деца под 10 години, потребна е посета на психолог, што го одредува нивниот коефициент на интелигенција.

Покрај проценката на психолозите, одлуката да се јави Харис во Менса значително влијаеше и од неговиот резултат на тестот Стенфорд-Бинет, кој се состои од комбинација на задачи по математика, јазик, меморија и логика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e