Колку точно украси треба да ставите на елката за таа да изгледа совршено?

Според експертите за декорација, има многу правила кога се работи за украсување на елката. Секако дека постојат одредени комбинации на бои кои создаваат хармонија, а откриен е и правилен начин на кој треба да се стават сијаличките на елката за да не се заплеткаат.

На Фејсбук се појави и „водич“ за тоа колку точно украси и сијалички треба да ставите на елката во зависност од нејзината височина.

Погледнете го односот на бројот на украси и сијалички и висината на елката.

90 см: 29 украси и 50 сијалички
150 см: 40 украси и 120 сијалички
180 см: 50 украси и 240 сијалички
200 см: 60 украси и 240 сијалички
210 см: 75 украси и 400 сијалички
повисока од 210 см: 90 украси и 400+ сијалички

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e