Колку чини опeрацијата за враќање на невиноста во Македонија?

Хирушката интервенција за враќање на невиноста трае само 15 минути и е достапна во Македонија и тоа на неколку клиики, а истата чини од 500 до 700 евра.

Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“.

Станува збор за зашивање на хименот, односно тоа е реконструктивен хируршки зафат на хименот познат под називот хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Доколку хименопластиката се изведе коректно и не биде проследена со компликации, макроскопски хименот е повторно интактен без видливи оштетувања и лузни.

Од една позната гинеколошко-акушерската клиника од Скопје велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција.

– Овој хируршки зафат се изведува со локална анестезија. Се користат ресорптивни конци за да се реконектира хименалната мембрана и обично за тоа се потребни околу 20 минути, а потоа пациентката е слободна. Но, како и секоја хируршка интервенција, така и при оваа има ризици од потенцијални можни компликации.

– Треба да се земе предвид дека постинтервенциски се можни инфекции и попуштање на конците, за што пациентката мора да биде претходно информирана и согласна – објаснува познат скопски гинеколог.

Вакви интервенции се изведуваат и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оттаму велат дека најчести индикации за хименопластика се: социолошки, религиозни и лично емотивни.

– Старосната граница може да биде варијабилна и нема никаква поврзаност со тоа дали пациентката има родено или не. Доколку станува збор за малолетно лице, како и за секоја интервенција, неопходна е согласност од двајцата родители – вели д-р Мирослав Темелковски, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во Македонија ова сè уште е табу-тема. Ретко може да најдете девојка што јавно ќе зборува на оваа тема. На форумите можат да се сретнат различни мислења. Едни велат дека тоа е глупост, некои се плашат да го направат тоа, додека пак има и такви што првпат слушаат дека такво нешто постои.

Во Босна и Херцеговина секоја трета интервенција е бесплатна. Во Тузла постои центар за пластична хирургија кој го води доктор Златко Берберовиќ. Тој вели дека има случаи кога девојките ја изгубиле невиноста при силување, па на тој начин сакаат да го заборават ужасот низ кои поминале. Тој додава дека некои девојки на овој начин сакале да ги изненадат своите партнер за Денот на вљубените или за прославите на годишнина од брак или врска. Во Америка пациентките се решаваат на оваа процедура на 40-50 години на барање на партнерите за да прослават годишнина од бракот или некој значаен настан.

Овој тренд е особено актуелен во Турција. Проститутка си ја вратила невиноста дури 431 пат поради тоа што шеиците, кои ѝ биле најчести клиенти, давале големи суми само за да бидат првите што ќе ѝ ја одземат невиноста, па макар и на проститука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e