Кина планира да направи најголема вселенска ракета

Кина веќе се вклучила во вселенската трка, а сега има планови и за туристички летови.

Државната компанија за вселенски летала сака да им стане ривал на компаниите “Virgin Galactic” и “Blue Origin”.

Меѓутоа, Кина сака да направи многу поголемо летало од нивните.

Ракетата со крила која може да понесе 20 патници до работ на вселената, да полета од лансирни рампи и да слета на писта, е една од поамбициозните цели на Кина за вселенскиот туризам, пренесува New Scientist.

Тој проект е претставен на Меѓународниот астронаутички конгрес во Гвадалахара.

1

Хан Пенгчин, лидер на тимот кој ја осмислил ракетата, рекол дека цената на летото ќе биде околу 200.000 и 250.000 долари, што е приближно на цената која ја нуди “Virgin Galcatic”.

Неговиот тим планира изградба на две такви ракети кои ќе имаат погон на течен метан и течен кислород. Една ќе биде помала и ќе може да пренесе пет, а поголемата до 20 патници.

Поголемата ракета ќе има распон на крила од 12 метри и ќе биде тешка околу 100 тони. Овие ракети ќе може да пренесуваат помали сателити во орбитата.

2

Помалата ракета ќе може да понесе патници до 100 километри во висина, и да им пружи на патниците 2 минути во бестежинска состојба, а големата ракета ќе лета до 130 километри висина и во неа патниците ќе може да уживаат во четири минути бестежинска состојба.

Компанијата се надева дека првите летови ќе почнат во 2020. година.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e