Калуѓерки забремениле за време на мисионерско патување

Католичката црква започнала истрага откако две чесни сестри се вратиле бремени после мисија во Африка. И двете имаат африканско потекло, но припаѓаат на различни манастирски редови на Сицилија.

Тие биле избрани да ја шират мисијата во родната земја, наведува италијанската новинска агенција АСНА. Првата има 34 години и бременоста ја открила на лекарски преглед, откако извесен период се жалела на болки во стомакот.

Втората, чија возраст не е позната, но се знае дека потекнува од Мадагаскар, се вратила во родната земја.

Двете жени најверојатно имале сексуални односи за време на мисионерското патување, а со тоа ги прекршиле правилата на католичката црква. Но, голема е веројатноста на таа која останала во редот, да ѝ дозволат да го роди детето во црквата, бидејќи католичките учења секогаш се водат по тоа дека добросостојбата на децата е најважна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e