Исчистете ја куќата и освежете го воздухот со помош на лимон

Лимонот е една од намирниците што скоро сите ја имаат во својата куќа. Може да се искористи во многу рецепти, да се исцеди во чај, да се направи сок со здрав и освежителен вкус, итн.

Сепак, неговата корисност не завршува тука – лимонот исто така може да ни помогне да исчистиме некои работи во нашиот дом.

Еве како да го користите овој цитрус за освежување и чистење на вашата куќа:

-Исчистете ја славината

Исечете го лимонот на половина и користете го како сунѓер. Избришете ја славината и исплакнете за да му дадете одличен сјај.

– Измијте ги пластичните садови

Сите имаме пластични садови во куќата каде што чуваме храна, така што веројатно знаете колку се тешки за миење. Лимонот ќе ви ја олесни работата. Валканите садови потопете ги во сад со вода и истурете сок од лимон во неа.

-Исчистете ја работната површина

Во шише измешајте го сокот од лимон со вода. Само испрскајте малку од оваа смеса на валкана површина и избришете ја со крпа.

-Избелете ја облеката

Ако сакате вашата бела облека да се врати на нивната стара белина, доволно е да додадете 120 милилитри сок од лимон во машината за перење за време на перењето и ќе видите како тоа волшебно функционира.

-Исчистете ги даските за сечење

Најлесен начин да ги отстраните маснотиите и бацилите од дрвените или пластичните даски за сечење е да истриете половина од лимоните директно на нив. Оставете ги да го впијат сокот од лимон, а потоа исплакнете ги со топла вода.

-Лесно измијте ги маснотиите од садовите

Додадете сок од лимон во тавата, што ќе ви го олесни миењето мрсни садови и тави.

-Освежете го фрижидерот

За да го одржите вашиот фрижидер свеж, оставете половина од лимонот во него. Само ставете го на чинија насекаде и ќе ги собере сите други мириси и ќе ги шири своите. Заменете го по една недела.

-Измијте ги рацете

Ако сте сечкале многу кромид за време на подготовките за јадење, нема да ви биде лесно да го отстраните тој мирис од прстите. Можете да го измешате лимонот со вода или сапун и ќе можете да го искорените несаканиот мирис.

-Исчистете ги огледалата и прозорците

Сè што треба е темелно да ги исчистите прозорците и огледалата со малку сок од лимон. Покрај сјајот, убаво ќе мириса кога ќе се заврши со чистење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e