Гинис доби нов рекордер: Вљубеник во Дизниленд го посетил дури 2995 пати

Вечното дете, Американецот Џеф Рајц, го посетил „најсреќното место на планетата“ дури 2995 пати, што го воведе во Гинисовата книга на рекорди.

Имено, вљубеникот во забавни паркови кој е прогласен за Гинисов рекордер, го посетувал Дизниленд во Анахајм, Калифорнија, од 1 јануари 2012 година до 13 март 2020 година, кога паркот беше затворен поради коронавирусот.

Откако достигнал 2000 последователни посети, овој 50-годишник од Хантингтон Бич се нашол на насловните страници на весниците. Во таа прилика раскажал дека за првпат го посетил Дизниленд со поранешната девојка на Нова година во 2012. И двајцата биле невработени и ги исполнувале деновите со секојдневни посети на забавниот парк.

„Започна како шега помеѓу пријателите, а како моите посети добиваа медиумско внимание, така им станав ривал на Мики Маус и Пајо Паторот. Луѓето сакаа да се фотографираат со мене и ми бараа автограми“, изјавил Рајц за Гинисовата книга на рекорди.

Дизни го наградил Рајц со подарок корпа и сертификат за почесно државјанство по неговата 366-та посета. За заокружување на втората година му понудиле вечера, а за 2000-та посета добил подарок ранец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e