Генијален трик: Еве како хулахопките повеќе нема да се кинат и ќе траат подолго!

Веројатно нема жена која не се соочила со хулахопки кои се скинале, иако биле нови. Но, постои еден трик што ќе ви помогне тие да станат поотпорни и подолготрајни

Хулахопките ќе ги сочувате доколку прво ги замрзнете. Имено, пред првото носење, натопете ги и ставете ги во пластична кеса, а потоа во фрижидер.

Нека останат така во текот на ноќта. Кога наутро ќе ги извадите, еластичните влакна ќе бидат посилни и поцврсти, поради што и вашите хулахопки ќе бидат многу поотпорни. Внимавајте само да ги облечете откако ќе бидат целосно суви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e