Експертски совети како да ги зголемите шансите за лото-добивка

Многумина од нас сигурно имале баби и дедовци, кои го поминале целиот свој живот купувајќи разни лозови со надеж дека ќе им се исполни желбата да добијат пари. Сигурно има и такви кои некогаш сретнале некој што добил премија бидејќи токму неговата комбинација од броеви била извлечена како победничка или можеби некој што за влакно ја пропуштил седмицата. Како и да е, јасно е дека мнозинството од оние штои играат игри на среќа мораат да се задоволат со добивка во вид на нова грепка, додека многумина се тешат со фактот дека повеќе би сакале да имаат среќа во други полиња отколку во лотарија.

Френсис Зики е експерт за испитување на игрите на среќа и е специјализиран за проучување на добитниците во казина. Дошол до заклучоци кои можеби во прва прилика треба да ги применат сите оние кои се стремат кон главната премија. Прво што сугерира овој експерт е почесто да се купуваат лозови за игри на среќа иако во оптек има помали премии.

„Знам дека повеќето од вас се стремат кон најголемата добивка, сепак, многу е мал процентот на оние што всушност можат да ја добијат главната награда. Затоа е многу подобро да целите кон помали, но пореални придобивки, на тој начин ќе си обезбедите сигурна добивка“, е само првиот во низата совети од овој експерт.

Зики смета дека има неделно извлекување на ниво на секој поединечен град, па затоа е најдобро да се учествува почесто, но да се биде посигурен конкурент.

„Секој град има локални извлекувања кои обично се еднаш или двапати неделно. Учествуваат само жителите на таа месна заедница, така што шансите за победа се многу реални. Од друга страна има и поголеми лотарии каде учествуваат повеќе градови или цела држава. Шансите за победа се многу помали, но добивката е поголема. Конечно, тука е популарната седмица на лото. Таквата добивка, како и таканаречените џекпот премии, се речиси неверојатни. Причината за тоа е што учествуваат многу голем број луѓе, па индивидуалните шанси се драстично намалени. Често се случува седмицата воопшто да не биде извлечена“, смета Зики.

Искуствата на многу испитаници се такви што повеќето луѓе избираат бројки кои имаат одредена симболика за нив. Меѓу популарните бројки секогаш се датумите на раѓање, годишнините и сите други важни настани во животот на поединецот, но студиите доведоа до други наоди.

„Се покажа дека најголемиот процент од испитаниците едноставно ги избираат оние бројки што имаат некаква симболика за нив и речиси секогаш некои датуми се во прашање. Тие бројки што ги претставуваат датумите се всушност оние кога се родиле многу луѓе, што се покажа дека тие, по правило, нема да бидат извлечени. Многу е важно да изберете броеви кои се поголеми од 31 од едноставна причина што месецот има 30 или 31 ден, така што бројот што е поголем од 31 ќе биде редок, па затоа треба да играте на нив. Првиот број што треба да го одберете е 32“, вели Зики, а пренесува Daily Star.

Статистиката исто така потврди дека бројките кои најчесто се извлекуваат се 21 и 23.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e