Древен мудрец имал една техника која никогаш не греши во проценување на луѓето

Дали некогаш сте се запрашале кој и поради што е добар човек? Има многу одговори на ова прашање, но само еден е адекватен – човекот го одредува тоа што го носи во душата, како и енергијата коа ја емитува.

Еден древен мудрец со само една реченица го опишал начинот на којшто многу лесно можеме да заклучиме каква е некоја личност. Затоа, внимателно прочитајте ги неговите зборови и добро запомнете ги.

„Не можете да го препознаете по тоа што тој го зборува, ниту по тоа како изгледа туку по атмосферата која ја создава неговото присуство. Тоа е доказ затоа што никој не може да создаде атмосфера која не му припаѓа на неговиот дух“, истакнал тој.

Во оваа постапка најважно е да ја следите својата интуиција, тоа чувство во стомакот кое се буди кога нешто не е како што треба. Никогаш не игнорирајте го.

Кога добро ќе се замислите, навистина е така. Сигурно ви се случило во нечие друштво да се чувствувате непријатно, вознемирено, а неретко станувате и нервозни. Дури и кога некој се преправа, кога се труди да биде премногу љубезен, всушност има лоши намери, а вие тоа може да го почувствувате.

Од друга страна, има луѓе чие присуство ве смирува, но и ве расположува, па се чувствувате многу подобро по нивната средба. Кога личност околу вас создава атмосфера на пријателство, љубов, прекрасна енергија, сакате да поминувате време со неа, а тоа вреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e