Дневен хороскоп: Што ви носи почетокот на новата работна седмица?

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност ќе ви предизвикува дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и пријатни.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете особено сентиментални и ранливи. Има голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.

Кариера

Можни се натегања со претпоставените и тоа за ситни работи за кои не се согласувате. Не почнувајте кавга, туку работете како што треба.

Здравје и совет

Верувајте им на другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сега се е јасно и без притисок може да уживате со саканата личност. Оние кои се сами, добро се забавуваат.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност, но во одлучувањето ќе бидат необјективни.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе добиете покана за да излезете, каде ќе ви биде загарантирана добра забава, пријатно друштво и пријателски односи.

Кариера

Освен што сте професионални, ќе покажете и дека сте и одличен психолог, со што ќе си обезбедите дополнителни поени на работното место.

Здравје и совет

Преспијте пред одлуките.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем што долго ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Најверојатно дека ќе постигнете добар договор во врсјка со спонзорирање на еден проект во кого се сомневавте.

Здравје и совет

Алтернативната терапија може да има добро влијание.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат, а денеска во нов ќе се обидете да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција, а за некои и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да дивеете поради нервозата што ве наведувала на грешкиво чекори.

Кариера

Додека се одморате во тишината на својот дом себесди се замислувате на повисока позиција на работното место. Продолжете да сонувате.

Здравје и совет

Осмислите ги прашањата пред да ги поставите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се прашувате колку дена ќе бидат потребни за другите да ве сфатат и разберат. Потрудете се да се изјаснувате појасно и се ќе си дојде на своето место.

Кариера

Денеска по прашање на финансиите би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник, кој може да се справи со секаков проблем.

Здравје и совет

Бидете конкретни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал чекор ве дели од помирувањето и квалитетниот однос, но потребно е уште мало трпение.

Кариера

Ќе договарате деловни планови без проблем, а другите ќе ви помагаат. Во сето тоа до израз ќе дојде вашата заводливост.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е искушението да се согласите на некои отстапки, иако не ви е по волја.Најдете компромис.

Кариера

На работното место се ќе се одвива површно ибез значителни достигнувања. Денот ќе ви летне, а вие ќес е прашувате што сте сработиле.

Здравје и совет

Имате форма на која ви завидуваат.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои сеуште се сами имаат шанса да воспостават блиска врска со личност со која што работат или со која се познаваат преку работата.

Кариера

Очекувајте нови, големи задачи на кои вреди да им се посветите со полно внимание. Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни, а со тоа и постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.

Кариера

Доколку помислите дека ништо не ви оди од рака, поработете на својата воздржаност и трпение. Ќе биде подобро.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e