Делотворна домашна маска која ќе го спречи сезонското опаѓање на косата

На пролет и есен забележително е опаѓање на косата кое речиси никогаш не ве одминува. Секојпат на четката кога се чешлате остануваат толку влакна што ви се чии дека ако продолжи со тоа темпо, ќе останете без природниот украс на глава со кој најмногу се гордеете.
За да го спречите опаѓањето водете сметка за исхраната, но обидете се и секоја недела да ја “нахраните“ косата со оваа маска на база на кофеин, која ја забрзува циркулацијата и на тој начин го успорува сезонското опаѓање на косата.
Начин на подготовка: во еден сад измешајте 1/4 чаша јогурт, две лажици зелен чај, 1 лажица мелено семе од синап и една жолчка. Кога ќе добиете хомогена смесa нанесете ја смесата на косата, од кој најголем дел на коренот и оставете да дејствува половина час. Косата измијте ја на вообичаен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e