Далај Лама: 18 животни правила!

На почетокот на новиот милениум, Далај Лама има објавено 18 правила за успешен и среќен живот, кои во секојдневниот живот може да се применат кај сите луѓе со добра волја, без разлика на верска и политичка припадност.

1. Запомнете дека голема љубов и големи достигнувања во себе мора да содржат и голем ризик.

2. Во животот не може да победувате во секое време, но е многу важно да во поразот ја научите лекцијата.

3. Следете го правилото “3P”: почитувајте се себе си, почитувајте ги другите, преземајте одговорност за своите постапки.

4. Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

5. Научете ги добро правилата за да знаете добро да ги прекршите.

6. Не дозволувајте малите несогласувања да му наштетат на големото пријателство.

7. Кога ќе сфатиш дека си направил грешка, потруди се одма да ја исправиш.

8. Секој ден одвојте барем малку време да бидете сами со себе.

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не се откажувајте од вашите вредности.

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11.  Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе пораснете и ќе почнете да размислувате за својот живот, да може да уживате во него по втор пат.

12.  Атмосфера полна со љубов во вашиот дом е основа на животот.

13. Во несогласувања со најблиските, занимавајте се исклучиво со моменталната ситуација. Никогаш не се повикувајте на минатото.

14 . Учете и споделувајте го вашето знаење со другите. Тоа е единствениот начин да станете вистински бесмртен.

15.  Чувајте ја мајката природа.

16. Еднаш годишно отидете на некое место на кое предходно не сте биле.

17. Запомнете дека најдобра врска е онаа во која вашата љубов еден за друг е посилна од потребата од еден за друг.

18.  Судете на вашиот успех во согласност со она од што сте требале да се откажете за да го постигнете.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e