6-те најраспространети митови за вегетаријанството

Се чини дека дебатата за или против вегетаријанскиот начин на исхрана е ненадминлива. Во продолжение дознајте ги најчестите митови поврзани со овој режим на снабдување на организмот со хранливи материи!
1. Вегетаријанството е предодредено за луѓето бидејќи нивниот систем за варење лошо го обработува месото
Дали станува збор за мит или вистина? Експертите го наведуваат фактот дека се зависи од должината на цревата која кај човекот е слична како кај козите и елените. Лавовите и тигрите имаат многу пократки црева. Поданиците на вегетаријанството сметаат дека токму поради долгите црева месото се задржува многу повеќе во нив, минувајќи низ истите и притоа се разградуваат штетни материи кои го трујат организмот.
Сепак вистината е дека правилната исхрана не зависи од должината на цревата или делумно од внесената храна туку од виталноста на дигестивниот трак.
2. Мажите треба да јадат месо за да бидат силни
Дејвид Реид кој веќе неколку години работи во Медицинската комисија на Британската Олимписка Асоцијација уверува дека вегетаријанската исхрана може да биде синоним за активен живот и спортски режим на исхрана. Јаглехидратите се главен извор на енергија која им е потребна на мажите за да бидат силни.
Во прилог на неговиот став, докторот ги наведува следниве светски познати имиња кои се хранат на вегетаријански начин:
Бил Перл – легенда на бодибилдингот, 4 -кратен носач на титулата „Мистер на Вселената“
Брус Ли – актер кој може на една рака да направи 200 склека и кој активно тренира источни боречки вештини
Мајк Тајсон – боксер од светски ранг
3. Вегетаријанстовот е штетно за здравјето
Повеќето истражувања го докажуваат токму спротивното. Вегетаријанците за разлика од месојадците многу поретко страдаат од дијабетес, кардио – болести и остеопороза.
Но, тука треба да се спомене и фактот дека со растителната исхрана многу потешко организмот се снабдува со белковини, цинк, железо и витамин Д.
Група германски истражувачи сметаат дека двајца од тројца вегетаријанци страдат од дефицит на витаминот Б12.
Кај месојадците поредко се среќава рак кај органите од системот за варење или мозокот.
4. Кај вегетаријанците психичката способност е намалена
Алберт Ајнштајн еден од „тврдокорните“ вегетаријанци изјавил“ Ништо не би било пополезно за човековото здравје и зачувување на човештвото како вегетаријанството“.
Пред да пресудиме дали станува збор за мит или вегетаријанство, ќе ве прашаме дали знаете дека Конфучиј, Леонардо да Винчи, Хипократ, Сократ, Хорациј, Лав Толстој, Бајрон, Волтер биле вегетаријанци.
5. Вегетаријанството е диета
Научно е докажано дека индексот на телесната маса кај вегетаријанците е во просек понизок за разлика од останатите. Но, вегетаријаскиот начин на исхрана не треба да се сфати како диета во ниту еден случај бидејќи некои од растителните зрна се калорични, а некои од овошјата како што се бананите и грозјето содржат големи колични сахароза. Оревите и мешункастите растенија исто така се многу калорични.
6. Децата и растителната исхрана
Еден од најпознатите американски доктори – нутриционисти Герберт Шелтон смета дека на децата до 7 годишна возраст не треба да им се даваат месо и јајца затоа што сеуште немаат сили за неутрализација на токсините од преработка на истите.
Поголемиот дел од населението во Индија, односно повеќе од 80%, не јадат месо, риба и јајца, а белковините ги апсорбираат преку млечните, мешункастите и зрнестите плодови. Тие се втори во светот според населеноста што значи дека вегетаријанството не предизвикува никаква штета врз исхраната кај децата.
Дали сте знаеле дека значителен дел од славните личности се вегетаријанци, како на пример Ричард Гир, Клаудија Шифер, Џим Кери, Орлансо Блум, Лив Тајлер, Синди Кафортд, Деми Мур…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e