Република Северна Македонија – земја со најголем напредок за изминатата година

Tрадиционална награда „земја на годината“ на сајтот The Economist секоја година станува се популарна. Секој декември се објавуваат имиња на држави кои почнуваат од дното(лошо владеење, нестабилни, сиромашни) и потоа најмногу напредуваат. Во 2019 година, највпечатлив негативен политички тренд беше завојувачкиот национализам.

Така, според сајтот, една од државите со голем напредок е Република Северна Македонија, која излезе од тој национализам. Земјата го смени своето име за да ги подобри лошите односи со соседот Грција и за да го одржи мирот на Балканот. Грција се спротивстави на ставот на соседната земја да го користи името Македонија, што според нив соодветствува со името Македонија во регионот на Северна Грција. Поради тоа, Грците ја покажаа својата непопустливост и ги спречија Македонците да влезат во НАТО и да започнат преговори за влез во ЕУ. За да се надмине проблемот и земјата да излезе од дното, македонските пратеници во февруари изгласаа  за промена на државното име.

Со промената на името во Северна Македонија, односите меѓу двете земји се многу подобри. Раздорот кој што владееше е отстранет, дипломатските односи се на високо ниво, а Северна Македонија е на прагот да стане нова членка на НАТО. За жал, претседателот на Франција(земја на годината во 2017 година) Емануел Макрон, ја блокираше кандидатурата за ЕУ на оваа држава, плашејќи се дека влезот на уште една балканска земја во Унијата, ќе го промени расположението неговите француски гласачи.

Во оваа листа на држави со голем напредок се споменуваат и Судан(борбата со исламскиот режим и диктаторот Омар Ал-Башир) и Нов Зеланд(справувањето со терористичките напади на џамиите)

Сепак, за земја со најголем напредок е прогласена Узбекистан. Пред три години оваа поранешна советска земја, се уште беше под диктатура, во затворено општество исполнето со бруталност и неспособност. Режимот веднаш ги задушувал мажите што ќе го кренеле својот глас и ги депортирал, а жените и децата биле принудувани да работат на памучни полиња по најлоши услови.

Сето тоа почнало постепено да се намалува по смртта на диктаторот Ислам Каримов во 2016 год. На негово место дошол Шавкат Мирзијојев и започнал со реформи кон крајот на минатата година. Неговата влада во голема мерка ставила крај на принудната работа. Најозлогласениот затворски камп бил затворен, а на новинарите им било дозволено слободно да известуваат. Се отвориле граничните премини и биле повикани странски експерти да помогнат во реконструкцијата на државната економија. Узбекистан има се уште простор за напредок, но од сите земји во 2019 година помина најтежок пат и постигна најмногу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e