Ахмети повторно избран за претседател на ДУИ

Али Ахмети вечерва на Четвртиот изборен конгрес на ДУИ со акламација повторно е избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.

-Се заблагодарувам за довербата што ми ја дадовте едноглсно да бидам на чело на ДУИ следните четири години. Ве уверувам дека ќе ве претставувам со дигнитет како и до сега така и во иднина и дека нема никогаш да се посрамите ниту пред вашите опоненти, ниту пред противниците, вели Ахмети.

Укажа дека од 2001 година со донесувањето на Охридскиот договор е променет политичкиот статус на Албанците во земјата. Албанците тука ги сакаа како потстанари, но не и како господари на домот. Но по бројни жртви, и пролеана крв, рече Албанците денес слободно го користат албанското знаме, јазик, имаат три универзитета, имаат полиција и војска каде се претставени со дигнитет.

Се осврна и на соработката со партии и претставници на Македонците и кажа дека никогаш не делувале зад грб и никогаш нема да работат со двојни стандарди, туку транспарентно и со почитување на дадениот збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e