Земјотресот во Албанија ја однесе и 40-тата жртва (ВИДЕО)

Бројот на лица кои загинаа од силниот земјотрес во Албанија се зголеми на 40, соопшти министерството за одбрана на таа земја.

Албанското министерство за здравство и социјална заштита претходно соопшти дека 658 лица се повредени во земјотресот со силина од 6,4 степени според Рихтер, кој тоа подрачје го погоди во вторникот наутро.

Спасувачките тимови и натаму трагаат по исчезнатите. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека во последните 44 часа во Албанија се почуствувале 43 земјотреси.

Во текот на ноќта во Тирана и Драч во 23.19 часот земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер предизвика паника меѓу населението.

Поедини граѓани на Тирана ги напуштиле домовите и ноќта ја минале во автомобили. Заради новите потреси вчера привремено запреа спасувачките операции.
Се помали се надежите дека спасувачите ќе најдат некој жив под урнатините на зградите во Албанија, два дена по земјотресот.
Пронајдени се шест тела во Тумане, на северозапад од земјата и уште две во Драч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e