Земјотрес од 4,5 степени по Рихтер во Албанија

По неколкудневна смиреност на земјата, синоќа во Албанија е регистриран нов потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почувствуван во 2:20 часот, на длабочина од десет километри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.

Потресот предизвика вознемиреност кај населенето.

Од утрото на 26 ноември, кога беше разорниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице, а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч,Тирана и Туман, до сега се регистрирани над 700 потреси со различна јачина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ