Вучиќ: Надворешниот фактор ја растури Југославија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод денешниот ден 29 ноември кој се славеше за роденден на СФР Југославија, која ја сочинуваа шест републики и две покраини, изјави дека верува оти надворешниот фактор бил клучот за уништување на поранешната заедничка држава.

Вучиќ рече дека е важно да се слушаме и кога размислуваме поинаку.

-Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денеска, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ, изјави Вучиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e