Француската полиција покрена кривична истрага против воспитувачка којашто удрила тригодишно девојче во градинка во Париз. На социјалните мрежи се појави видео од насилството кое предизвика голема бура во јавноста, пишува „Дејли мејл“.
Според неофицијални информации, покрај ударот, наставничката и со неидентификувана течност го испрскала девојчето по лицето кога детето извикало „мамо“. Инцидентот се случил во вторник на 3 септември.
Une Maîtresse violente une petite fille de petite section et lui asperge un liquide sur la tête dans une école du 15 ème arrondissement de Paris. Une plainte a été déposée. En tant qu’avocate je mènerai ce combat main dans la main avec la famille, en tant que maman mon cœur… pic.twitter.com/5LQ6O6XP5f
— Vanessa EDBERG (@EdbergVanessa) September 9, 2024
На видеото кое брзо стана вирално на сите социјални мрежи, може да се види како воспитувачката стои над детето кое плаче. Набрзо ја крева раката врз него, го удира по грбот и детето паѓа на подот.
Адвокатот на родителите на нападнатото дете објави дека „лицето на девојчето било испрскано со неидентификуван производ“. Семејството на девојчето е, како што вели, крајно истрауматизирано, а целиот инцидент го снимила мајката на друго дете, која цело време била во училницата.